Иман Џамали му се врати на ракометот

Репрезентативецот на Унгарија, Иман Џамали, кој паузираше неколку сезони, својата кариера ќе ја продолжи во Чеглед, клуб каде што спортски директор е еден од легендите на унгарскиот ракомет – Габор Часар.

Денес раководството на Чеглед официјално ја објави соработката со екс репрезентативецот на Иран. Џамали во 2012 година направи трансфер од соништата и заигра за Веспрем, а неколку години подоцна доби и унгарско државјанство, па така во 2015 година стана  унгарски репрезентативец.

Искусниот лев бек освен за Веспрем настапуваше и за екипите на Кристијанштад, Мешков Брест и Динамо Букурешт. Џамали во 2019 година на Светското првенство во Данска и Германија заработи повреди и одлучи да паузира неколку сезони. За репрезентацијата на Унгарија има одигра 28 меѓународни натпревари.

Екипата на Чеглед, моментално се наоѓа во опасната зона за испаѓање од најквалитетното натпреварување во Унгарија. По осум одиграни кола во шампионатот на Унгарија, Чеглед е позициониран на 12. позиција и на осум натпревари забележа само една победа.