За женската репрезентација на Македонија од денеска со дуелот со Франција го стартува шестото учество на Европските првенства.
Низ досегашните настапи најголем успех e седмото место на ЕП 2008 година, на кое нашата држава беше домаќин.
Рекордерка по настапите за Македонија на континенталните собири е Валентина Радуловиќ, која на четири ЕП (1998, 2000, 2006, 2008) одигра 24 натпревари, додека Анжела Платон и Клара Боева на три ЕП имаат одиграно 18 натпревари.
Кога се работи за македонските стрелци на континенталните собири, на лидерското место е Валентина Радуловиќ со 104 гола, додека Јулија Николиќ има постигнато 69 погодоци. Третото место е за Клара Боева со 50 гола, пред Лариса Киселева и Марина Абрамова.