Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе го имаат првиот натпревар во Лига на Европа на кој се среќаваат со тимот од Данска, Архус.
Данскиот состав допатува во Битола со 14 ракометари, додека тренерот Ларс Валтер на располагање ќе го има најдобриот состав.
Од комбинација отпаднаа левиот бек Емилијан Ѓорговски, левото крило Бојан Маџовски, голманот Бобан Ристевски, десното крило Никола Стоилевски, како и десниот бек Мартин Велковски, кој се уште се рехабилитира од повредата.
Во составот ќе биде најновото засилување од Данска, левиот бек Себастјан Хенеберг.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Архус се игра вечерва со почеток од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“.