Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од првото коло на групната фаза на Европската лига.
Единствениот македонски претставник во Европа оваа сезона, Еурофарм Пелистер, ќе го пречека данскиот претставник Архус.
Дуелот се игра утре од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, а се очекува полна сала и добро препознатлив амбиент.
Дуелот на македонскиот и данскиот претставник ќе го водат германски судии. Делегирани се Фабиан Баумгарт и Саша Вајлд. Делегат на Европската ракометна федерација ќе биде Хрватот Синиша Рудиќ.
Покрај овој дуел, во првото коло од групата Д на Лигата на Европа уште играат Бидасоа Ирун – Агуаш Санташ и Мотор Запорожје – Фуксе Берлин.