Ракометниот Суд на ЕХФ донесе одлука за казна на тренерот на европскиот шампион Кристијансанд, Оле Густав Гјекстад.
Поради неговото непристојно однесување по мечот во Унгарија меѓу Ференцварош и Кристијансанд, Гјекстад ќе мора да плати казна.
Тој имал реакции на судењето и непристојно се однесувал кон арбитрите на натпреварот што се играше на 15 октомври.
Казната е во висина од 1.000 евра, а Гјекстад има седум дена за да ја обжали оваа одлука на Ракометниот Суд на ЕХФ.