Македонскиот вицепрвак Куманово успеа во своите редови да ја задржи младата ракометарка Тамара Ивановска.
20-годишната ракометарка, која настапува на позицијата десен бек, остана верна на Куманово и го продолжи договорот и за следната сезона.
Ивановска потекнува од школата на Куманово и со нејзиниот матичен клуб настапи на сите европски натпреварувања од 2016 година.
Вечерва ќе го има првиот настап во рамките на новата сезона против тимот на Пелистер, а тренерот Драгана Ристова ќе има повеќе опции во нападот.