Томислав Јагуриновски повторно покажа дека и после Кирил Лазаров на позицијата десен бек нема да имаме проблеми. Јагуриновски и Мартин Серафимов заедно одлично ја исполнуваат задачата што им е доверена.
На дуелот со Турција, Јагуриновски покажа разновиден арсенал на удари, а за одбележување е „вртенката“ што им ја „продаде“ на Турците во првото полувреме.
When you get past the defense, just spin it 🤩🌪#ehfeuro2024qualifiers #heretoplay pic.twitter.com/ZBXZ2WyBur
— EHF EURO (@EHFEURO) October 16, 2022
На додавање на Филип Кузмановски, десниот бек најде пукнатина во одбраната на Турција, и потоа елегантно ја сврте топката за водство на Македонија од 16-7.
Македонија славеше во Турција со 36-27, и со два бода е на делба на првото место на табелата во квалификациите за ЕП 2024.