Данскиот репрезентативен голман Кевин Мелер, имаше двојна причина за славење во текот на вчерашниот ден.
Чуварот на мрежата прво го продолжи договорот со тимот на Фленсбург за цели пет сезони и ќе остане во клубот до 2027 година.
Втората причина за славење беше триумфот над шампионот Магдебург со 35-34, а најзаслужен беше токму Мелер, кој за 49 минути на теренот успеа да собере 16 интервенции.
Тој го бранеше голот на бундеслигашот од 2014 до 2018 година, пред да одработи три сезони во Барселона. Лани се врати во Фленсбург и 33 годишниот Данец, веројатно ќе ја заврши кариерата во овој тим.