Драган Начевски, човекот што досега има направено многу за македонскиот ракомет, доби уште едно признание надвор од нашите граници.
Освен тоа што го доби од градот Охрид и од Ракометната федерација на Македонија пред стартот на Суперкуп дуелот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, Начевски доби признание за работата и од јужниот сосед.
Таму се одржуваше тренерски семинар во градот Солун, каде што беа присутни повеќе од 80 судии и делегати.
Македонецот Начевски, кој е претседател на Судиската Комисија во ЕХФ, имаше предавања за новите ракометни правила и одговараше на прашања на присутните.
Тој по завршувањето на успешната судиска кариера, работи како делегат, а од минатата година го има третиот мандат како претседател на Судиската Комисија во ЕХФ.
Признанија за Драган Начевски и Камер Металари за нивниот придонес во македонскиот ракомет