Признанија за Драган Начевски и Камер Металари за нивниот придонес во македонскиот ракомет

Признанија добија и судииите Славе Николов и Ѓорѓи Начевски за нивниот придонесе во ракометот.

Ракометната федерација на Македонија и градот Охрид пред стартот на Суперкуп натпреварот додели две признанија на признати и истакнати поединци кои својот живот го посветија на ракометот.

Тие признанија се за некогашните судии, а сега делегати-контролори Камер Металари и Драган Начевски, кои заминуваат во пензија. Двајцата му го посветија својот живот на македонскиот ракомет, а по завршувањето на судиските кариери останаа да работат во овој спорт.

Металари беше меѓународен судија, а потоа и делегат. Работеше како комесар на лига во РФМ. Драган Начевски по завршување на богатата судиска кариера продолжи како делегат и сега е веќе трет мандат шеф на судиите во ЕХФ.

Многубројната публика во СРЦ „Билјанини Извори“ ги поздрави со аплаузи за нивниот придонес во македонскиот ракомет.