Македонскиот шампион Ѓорче Петров имаше победнички старт во новата сезона од Женската лига, откако на домашен терен славеше против Деспина Прилеп со убедливи 43-15.
Домаќинот отвори со водство од 5-1, но прилепчанки ја преполовија негативата и намалија на 7-5. При 10-7, следуваше серијата што го најави победникот и убедливата победа.
Избраничките на Симе Симовски направија серија до 12 гола по ред за 22-7 и веќе беше јасно кој е кој на овој натпревар. До крајот на полувремето уште по некој гол на двете страни за 24-8.
Во вториот дел се измешаа поставите на теренот, шанса за настап добија сите ракометарки, но предноста само се зголемуваше до конечните 28 погодоци разлика, 43-15.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Емилијана Ризоска со десет гола, Анастасија Николовска со шест, како и Милица Николиќ и Симона Василева со по пет погодоци. Кај Деспина се истакна Михаела Петреска со шест гола.