Тимот на Младост Богданци, посветува големо внимание на работата со младинските категории во последните неколку години.
Раководството на прволигашот денеска постигна договор со талентираното лево крило Мартин Прчев, кој има 17 години.
Прчев важи за голема надеж на ракометот во Богданци, а се обврза на договор на три сезони и ќе остане во Богданци до 2025 година.
Младост оваа сезона ќе биде дел од Првата лига, која би требало да стартува следниот викенд, но претходно ќе има нова ждрепка за натпреварувачките броеви, а треба да биде потврден и составот на групите.