По српскиот интернационалец Вучко Мрвовиќ, новиот суперлигаш Куманово ангажираше уште едно засилување пред стартот на новата сезона.
Станува збор за левиот бек Стефан Колоски, кој доаѓа од составот на Голден Арт. Иако Колоски беше во комбинација за камбек во неговиот матичен клуб Струга, сепак се пресели во Куманово.
Колоски освен за Струга, во неговата кариера беше дел и од Јуниор КВ, Тиквеш, Радовиш, Работнички и Бутел Скопје.
Куманово ќе игра во групата А од Суперлигата заедно со шампионот Вардар, како и со Вардар Неготино, Бутел Скопје, Охрид, Струга, Прилеп и Алкалоид.