Репрезентативецот на Шведска, десното крило Валтер Кринц, кој од 2020 година настапува за бундеслигашот Фуксе Берлин, реши да ја продолжи соработката со „лисиците“.
22-годишниот ракометар од Шведска потпиша нов договор со Фуксе Берлин, овојпат на четири сезони и во бундеслигашот ќе настапува до јуни, 2026 година. Младиот ракометар во изминатата сезона покажа одлични партии за тимот предводен од Јарон Сиверт.
Кринц во изминатата сезона во настапите во Лига на Европа беше меѓу најдобрите стрелци во Фуксе Берлин и сезоната на европска сцена ја заврши со 37 постигнати погодоци. Швеѓанецот во редовите на Фуксе Берлин пристигна од Кристијанштад, а во својата кариера настапуваше и за екипата на Архус од Данска.
Со репрезентацијата на Шведска на Европското првенство во Унгарија и Словачка го освои златниот медал, додека на Мундијалот во 2021, кој се одржуваше во Египет, со својата репрезентација дојде до сребрениот медал.