Екипата на Кузман Вардар за новата натпреварувачка сезона, 2022/23, се засили со младата ракометарка од Јехона Гостивар, Сара Премческа, која игра на позиција среден бек.
Премческа има само 16 години и во новата сезона за првпат ќе се натпреварува во сениорска конкуренција. Кузман Вардар, кој е предводен од Александра Кузмановска, веќе неколку сезони настапува во Женската лига.
Претходно клубот се засили со Габриела Костадиновска, како и со Екатерина Димитровска. До почетокот на новата сезона не е исклучена можноста во тимот да пристигнат уште неколку засилувања.
Кузман Вардар во новата сезона ќе игра во група Б заедно со екипите на Ѓорче Петров, Феникс, Металург, Стружанка, Астибо, Деспина и Овче Поле СУ.