Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денеска на свој терен ќе го одигра четвртфиналниот дуел од регионалната СЕХА лига против белорускиот шампион Мешков Брест.
Избраниците на Ларс Валтер имаа одличен подготвителен период, во кој успеаја да го освојат Струшкиот турнир и со трофеј ја започнаа новата натпреварувачка сезона, во која ќе атакуваат и на пласман на Ф4 турнирот во СЕХА лигата.
За остварување на целта, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе мора во вечерашниот натпревар да го дадат максимумот за да го победат незгодниот шампион на Белорусија.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест ќе се одигра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 20:15 часот, а може да го гледате ТУКА.