Македонската репрезентативна голманка Марија Јовановска, потпиша нов договор со тимот на Куманово и ќе продолжи да ги браните боите на клубот и наредната сезона.
Таму ќе брани заедно со нејзината репрезентативна колешка Матеа Чурлиновска, како и со Симона Грујовска. Кумановки сега ќе го имаат можеби и најдобро голманско трио во Женската лига.
Претходно Куманово ги продолжи договорите со крилата Јована Живковска, Наташа Нолевска и Пени Граматова, а беше ангажирана и репрезентативката Габриела Величковска, откако претходно беше решено тренерското прашање до доаѓањето на Драгана Ристова.
Од клубот заминаа голманката Катарина Митровиќ, десниот бек Јована Кипријановска, како и кружниот напаѓач Амела Џакмиќ.
Куманово ќе биде дел од групата А во Женската лига и ќе игра со Шампион, Скопје, Спартак, Вардар, Чаир, Пелистер и Гевгелија.