Тимот на Голден Арт го затвори ростерот пред стартот на новата сезона во која е повратник во суперлигашкото друштво. Како што одамна најави 24Ракомет, Ивица Илиев го продолжи договорот, а Пеце Рајатоски е повратник во клубот.
Искусниот велешанец Ивица Илиев кој минатата година дојде во Голден Арт со референца на голем стрелец, комплетно ја оправда довербата на раководството и до јуни 2023 година ќе биде на располагање на тренерот Никола Матлиески.
Илиев минатата година постигна вкупно 179 погодоци на 25 натпревари и го предводеше тимот за пласман во Суперлигата.
Пеце Рајатоски мината година ја стартуваше во Голден Арт, од каде пред завршување на есенската полусезона направи трансфер во Германија од каде повторно се враќа.
Илиев ја комплетира левата бековска позиција на Голден Арт, заедно со Христијан Милошески, Тони Јакиќ и Андрија Мандиќ, додека Рајатоски кој може да одговори на двете позиции на десната страна, минутажа ќе дели со Дејан Гошевски и Мице Шилегов.
Голден Арт пред стартот на сезоната ќе одигра и неколку пријателски натпревари. Овој тим ќе игра во групата Б од Суперлигата со Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Јуниор Кисела Вода и Скопје.
Лидерот го продолжи договорот – Голден Арт со Илиев во Суперлига!