Во денешните напревари во рамки од второто коло, кое ќе се комплетира утре, фаворити одиграа според планот и не дозволија да бидат изненадени.
Единствено натпреварот од групата А меѓу Црна Гора и Исланд, кој беше неизвесен до финишот, заврши нерешено, 18:18 (11:11). Црногорките имаа пенал на шест секунди до крајот, кој не го реализираа, а ривалот можеше да ги казни буквално во последната секунда, но голманката Марсениќ одбрани.
Во истата група, репрезентацијата на Шведска немаше проблеми против Алжир, триумфираше со 24 гола разлика, 54:30 (24:13). Ракометарките на Шведска со остварената победа над Алжир останаа во игра за главната фаза.
За Македонија, која вкрстува со селекциите од група А, идеално сценарио е Исланд и Црна Гора да минат во главна рунда, а таму би пренеле по еден бод. Нашите ракометарки ако слават над Иран ќе пренесат два и би биле само на една победа до пласман во четвртфинале.
На останатите натпревари победа остварија репрезентациите на Иран, Данска, Португалија, Хрватска, и Египет. Репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман во главната фаза, откако славеше против Узбекистан, со резултат 39:30 (20:19). Хрватките прославија триумф над Индија со 54-36, а 90 гола е нов рекорд на постигнати голови на еден натпревар од кадетските СП.
Со утрешните натпревари во рамки од групите Е, Ф, Г и Х, ќе се комплетира второто коло.