Голден Арт ја комплетираше пивотменската позиција во клубот со ангажман на 23-годишниот Александар Налетоски, кој од ракометниот клуб Јехона му пристапи на тимот.
Своите почетоци во ракометот, Налетоски ги имаше во младинските селекции на Пролет, од каде е префрлен во првиот тим.
Потоа играше во Првата лига за Шампион и Јехона, а во новата сезона ќе биде дел од пивотменската тројка на Голден Арт, заедно со Давид Даев и Марко Трајковски.
Претходно клубот се засили со голманите Петар Виларов и Мартин Павличковски, десното крило Мице Шилегов, десните бекови Пеце Рајатоски и Дејан Гошевски, пивотот Марко Трајковски, како и левото крило Славе Јанковски.
Голден Арт ќе биде дел од групата Б во Суперлигата и ќе игра против Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Јуниор Кисела Вода и Скопје.