По заминувањето на Роберто Парондо од репрезентацијата на Египет, уште еден искусен тренер од Шпанија остана без селекторска функција.
Ракометната федерација на Чиле денес излезе со соопштение дека ја прекинува соработката со досегашниот селектор на машката сениорска репрезентација, шпанецот Матео Гаралда.
Искусниот тренер, кој шестпати ја освојуваше Лигата на шампионите, во следната сезона ќе биде нов тренер на екипата на Замалек од Египет.
Гаралда во својата тренерска кариера, од 2012 до 2014 година ја предводеше Гвадалахара од Шпанија, потоа една сезона беше на чело на романска Бакау, а од 2016 година беше на кормилото на машката репрезентација на Чиле.
Во пресрет на Светското првенство во Полска и Шведска, федерацијата на Чиле ќе мора да бара нов селектор. Чиле на Мундијалот ќе игра во група А заедно со Шпанија, Црна Гора и Иран.