Со уште помлад состав од минатата сезона Еурофарм Пелистер 2 почнува трета сезона со Александар Јовиќ на клупата.
Со остварени цели во претходните две, екипата собра многу симпатии и се избори за европско место во квалификациите на Европската лига.
Тимот е во конструкција, но пак се потпира на млади македонски играчи. Единствен странец е младиот црногорски голман Василије Печурица, кој дојде од Струга.
Подготовките ќе минат во две фази, во Битола и Маврово, а првиот официјален натпревар е за пет недели против Алпла Хард во Австрија.
Тимот се засили со Мартин Ивановски (Охрид), Мартин Јовановски (Дансенберг), Василије Печурица (Струга), Симон Мирчевски (Прилеп – крај на позајмица), а дојдоа и четворица ракометари од младинските категории – Филип Гуцевски, Христијан Ристевски, Васко Мартиновски и Андреј Марковски.
Од клубот заминаа Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски во првата екипа, Благојче Трајкоски (Алкалоид), Димитар Димитриоски (Ваљадолид), Христијан Јовановски и Милан Ѓукиќ, додека Васко Димитровски ја заврши кариерата.
Еурофарм Пелистер 2, 2022/23:
Голмани: Мартин Јовановски, Василије Пичурица
Леви крила: Иван Димитровски, Петар Атанасијевиќ, Андреј Марковски
Леви бекови: Кристијан Митревски, Христијан Ристевски
Средни бекови: Мартин Ивановски, Стефан Талевски, Филип Гуцевски, Мартин Табакоски
Десни бекови: Андре Буторац, Симон Мирчевски
Десни крила: Ненад Белистојаноски, Никола Стоилевски, Димитриј Блажевски
Кружни напаѓачи: Филип Арсеновски, Васко Мартиновски, Трајче Мицевски, Антонио Николовски
Стручен штаб:
Тренер: Александар Јовиќ
Асистент тренер: Александар Зарков
Тренер на голмани: Зоран Атанасовски
Кондиционен тренер: Васко Димитровски
Физиотерапевт: Петар Мицевски
Тимот на Јовиќ ќе се подготвува во Битола и Маврово, ќе одигра контролни натпревари против првата екипа, Охрид и Вучитрн од Косово, додека на крајот на август и почетокот на септември, битолчани ги очекува двомечот од квалификациите за Лигата на Европа против австрискиот тим Алпла Хард.