Најдобра судиска двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, доби ново големо признание.
Африканската ракометна федерација ги делегираше македонските арбитри да го суди финалето на Африканското првенство меѓу Египет и Зеленортските Острови.
Николов и Начевски судеа во групната фаза, како и во елиминациските натпревари на Африканското првенство и уште еднаш пред светската ракометна јавност ги покажаа своите квалитети.
Натпреварот меѓу Египет и Зеленортските Острови ќе се игра вечерва од 21:00 часот, додека претходно за третото место ќе се борат Мароко и Тунис.