Најдобрата македонска судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, ќе биде дел од Африканското првенство кое започнува на 11 јули во Египет.
За Николов и Начевски ова нема да биде првпат во долгата кариера, па веќе знаат како е да се суди во амбиент, каков што го има на овој дел од светот.
Африканското првенство ќе се игра оод 11 до 18 јули во две сали во главниот град на Египет, Каиро, a најголем фаворит за титулата е домаќинот.
На ова првенство ќе играат 13 селекции поделени во четири групи, а оние што ќе се пласираат од прво до петто место ќе обезбедат место на Мундијалот во Полска и Шведска.