Ракометот кај јужниот сосед е во постојан подем последните години, а тоа носи и резултати за сите вложувања и ангажирања во спортот. Екипите од јужниот сосед сè повеќе се активни во европските натпеварувања, додека Македонија ќе има само седум претставници во Европа. Ако до пред неколку години беше незамисливо вакво нешто, ете сега се случува, па клупскиот ракомет на јужниот сосед граби со крупни чекори напред.
ЕХФ позитивно одговори на барањето на федерацијата на јужниот сосед за две дополнителни места во Европскиот куп. Следната сезона ќе играат и екипите Диомодис Аргос и Анагениси Артас.
Јужниот сосед следната сезона ќе има вкупно десет претставници во европските натпреварувања. Во машка конкуренција во Европа ќе играат Олимпијакос, АЕК Атина, ПАОК, Пилаја и Диомидис Аргус. Исто така и во женска конкуренција ќе играа пет екипи, а тоа се ПАОК, Неа Јонија, Пилаја, Каматеру и Анагениси Артас.
За разлика од јужниот сосед, Македонија има се помалку претстаници во европските купови. Откако Вардар беше исфрлен од Лигата на шампионите, и женскиот клуб не се пријави за настап во европските натпреварувања, па нашата земја ќе има седум претставници.
Кај дамите, Ѓорче Петров, Металург, Куманово и Чаир, ќе бидат дел од Европскиот Куп, додека кај мажите Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје ќе играат во Лигата на Европа.