Хрватот Лука Циндриќ со Барселона оваа сезона го освои третиот трофеј во ЛШ, откако и минатата година беа шампиони, а првата титула ја има освоено со Вардар во 2017 година.
Лука Циндриќ покрај тоа што играше за Вардар, тој во Македонија најпрво прситигна во Металург. Во интервју за „Спортске новости“ Циндриќ се потсети на победата над Барселона во дресот на Металург.
„Се сеќавам на една приказна од Металург кога ја победивме Барселона. Дојдоа нашите семејства и требаше да прославиме со нив после натпреварот. Тогаш ми пристапи голманот на Металург, Мијатовиќ и ми рече: Многу играчи никогаш во животот нема да имаат шанса или никогаш нема да ја победат Барселона. Кога веќе такво нешто направивме мора да прославиме како тим, како што доликува. Не е лесно да се победи Барселона и тоа се работи кои се паметат и слават“, рече Циндриќ.
Лука Циндриќ настапуваше за Металург во 2014 и 2015 година, пред да се пресели во Вардар каде што остна до 2018 година и даде голем придонес во освојување на првата европска шампионска титула на Вардар.