Ракометарите Борјан Маџовски и Симона Стојковска минатиот викенд имаа голем повод за славење и радосни моменти.
Тие направија свадбена веселба по повод бракот кој беше склопен пред скоро три години, а беа присутни голем број нивни соиграчи и колеги од ракометниот свет.
Борјан Maџовски е поранешен член на Металург, Борец и Пелистер, а во последните неколку години живее и игра во Германија.
Симона Стојковска е актуелна репрезентативка на Македонија и настапува во бундеслигашот Цвикау.
Претходно во Македонија настапуваше за Феникс и Металург, како и за ПАОК Солун, пред да замине во Германија.