Раководството на еден од најбогатите ракометни клубови во светот, ЧСМ Букурешт, преку социјални мрежи официјални ги потврди заминувањата на поголемиот дел од играчите.
Од ЧСМ Букурешт си заминуваат вкупно десет ракометарки, меѓу нив сѐ и екс ракометарката на Кометал ЃП, односно Вардар, Едуарда Аморим Талеска и Барбара Лазовиќ.
Освен двете споменати ракометарки, клубот ќе го напуштат и Јелена Грубишиќ, Кармен Мартин, Самра Да Силва, Тес Вестер, Ивет Брох, Диана Финару, Мартина Смитс и Дениса Валкан.
Поранешниот европски шампион за следната сезона официјално има договорено четири нови ракометарки. Станува збор за десното крило од ЦСКА Москва, Марина Судакова, голманката на Вајперс Кристијансад, Евелина Ериксон, кружниот напаѓач од Ѓер, Крина Пинетеа и левиот бек од Брест Бретањ, Калидиату Ниакате.
Голманката Јелена Грубишиќ и десното крило, Кармен Мартин, беа првите ракометарки кои пристигнаа во ЧСМ Букурешт при формирањето на големиот проект, кој во дебитанската сезона во Лигата на шампионите успеа да ја освои титулата.
Во клубот остануваат Кристина Неагу, двете поранешни членки на Вардар, Андреа Кликовац и Сираба Дембеле, репрезентативките на Норвешка, Марие Давидсен, Емили Арнцен и Марин Ауне, како и неколку домашни ракометарки.
ЧСМ Букурешт не успеа да ја одбрани шампионската титула од минатата сезона и ќе мора да бара вајлд-карта за место во елитната лига.