Капитенот на Охрид, левото крило Крсте Андоновски и кружниот напаѓач Иван Тасески, ја продолжија верноста кон својот матичен клуб.
Тие ќе ги бранат боите на Охрид и во наредните две сезони, откако се договорија за продолжување на соработката.
Во тимот остануваат и двајцата млади ракометари – десното крило Наум Костов и пивотот Кристијан Димитриески.
Охриѓани прават голем ремонт на играчкиот кадар, а на тренерската позиција дојде Горан Андоновски, кој се враќа во матичниот клуб по три сезони.
Заминуваат 11 ракометари, а деновиве треба да бидат промовирани новите засилувања.