Мандалиниќ и Граџан заминуваат од Еурофарм Пелистер!

Хрватскиот лев бек Стипе Мандалиниќ и босанскиот пивот Елмир Граџан нема повеќе да го носат дресот на Еурофарм Пелистер. Нивните договори завршија на крајот на оваа сезона, а битолскиот клуб не ја продолжи соработката со двајцата интернационалци.

Од претходно беше познато дека заминува и тренерот Жељко Бабиќ, како и шестмина други интернационалци.

Јосип Периќ, Матео Мараш, Немања Обрадовиќ и Мартон Секељ се селат во унгарската Татабања, Реине Табоада заминува во данската Фредериција, додека Јосип Божиќ Павлетиќ во францускиот второлигаш Трембле. Пивотот Никола Маркоски од следната сезона ќе ги брани боите на Алкалоид.

Договорот им завршува на уште неколкумина ракометари, а дали ќе има уште некое заминување од клубот, останува да видиме.

Досега Еурофарм Пелистер се засили со пикерите Жарко Пешевски и Денис Василев, бековите Руди Сери, Вилсон Дејвис и Усама Хосни, како и голманот Урбан Лесјак, па со ваков ростер битолчани повторно ќе бидат конкурентни за врвот во македонскиот ракомет.