Тимот на Јуниор Кисела Вода го дели уште една победа и математички да го потврди камбекот во суперлигашката конкуренција, откако славеше на гости кај Младост Богданци со 25-29.
Гостите отворија со водство од 2-5, богданчани израмнија на 6-6, но попуштија во финишот на првиот дел и Јуниор КВ замина на пауза со предност од четири гола, 9-13.
Не се откажуваа домашните, на два пати во второто полувреме намалија на минус два, 16-18, и во финишот 24-26, но немаа сили за комплетен камбек и на крајот гостите го сочуваа триумфот.
Игор Илиевски, кој има двојна улога како играч и тренер во Јуниор КВ даде девет гола, а Дарио Симоноски постигна шест, додека кај Младост Богданци се истакна Митко Караиванов со девет погодоци.
Сега Јуниор КВ има 30 бода на третото место, пред Вардар Неготино со 25, но и меч помалку, а на петтата позиција е Аеродром со 23 бода. На тимот од Кисела Вода му треба уште една победа во последните три кола за да го потврди местото во суперлигашката конкуренција.