Женската лига од следната сезона, 2022/23 ќе се игра со малку изменет систем во споредба со оваа сезона.
Во моментов играат 15 екипи, но има најави за пријавување на нови екипи. Сите пријавени тимови ќе бидат поделени во две групи и ќе играат еднокружно дома-гости, по 14 кола (доколку има по осум екипи во група).
Екипите што ќе се пласираат од прво до четврто место продолжуваат во плеј-офот, додека останатите ќе играат во плеј-аут.
За разлика од оваа сезона, кога екипите играат повторно еднокружно со сите екипи во плеј-офот или плеј-аутот, во следната сезона, ќе се пренесуваат бодовите од натпреварите со екипите што играле во иста група.
Односно ќе се одиграат уште осум кола, а тоа е вкупно 22 меча во текот на сезоната.