Националната атидопинг агенција во Романија одлучи да ја суспендира ракометарката Ана Марија Тицу од редовите на Крајова поради допинг.
Тицу заработи суспензија од Ракометната федерација на Романија период од шест месеци „за користење или обид за користење на забранета супстанца“, стои во соопштението.
Суспензијата стапува на сила од 14 март, а ќе истече на 11 јули, но нема повеќе детали за каква супстанца станува збор.
Претходно во 2019 година во Романија имаше голем допинг скандал во кој беа вмешани многу ракометарки на Корона Брашов.
ДОПИНГ АФЕРА: Трите Романки ја признаа вината, ги чека казна од шест месеци до четири години!