Романската ракометна федерација избра нов претседател кој ќе ја извршува оваа функција во наредните четири години.
На изборите во Букурешт до убедлива победа стигна 58-годишниот Константин Дин, кој ја презема функцијата од Алексадру Деду.
Дин е поранешен судија и неретко судеше на натпреварите на македонските клубови и репрезентации заедно со Дину.
„Романскиот ракомет помина низ тешко време, мило ми е што се заврши. Го сакам нашиот спорт со целото срце и ветувам дека напорно ќе работам за негово подобрување. Кога бев избран доживеав слични емоции како кога го имав последниот меѓународен натпревар како судија“, изјави Дин.
Во вториот круг од изборите Дин освои 157 гласа, а поранешниот претседател Александру Деду остана зад него со само 66 освоени гласови. Деду претседател на Романската федерација беше осум години.