Кандидатот за претседател на Романската ракометна федерација, Дан Максимилијан Гaврила упати обвинувања кон актуелниот претседател Александар Деду кој беше реизбран во 2018 година дека го добил претседателското место со потпуп.
Изборите за претседател на федерацијата на Романија се закажани за 28 април, а Деду ќе се бори за својот трет мандат. Тој е на чело на федерацијата од 2014 година, покрај него уште кандидати за нов претседател се Богдан Воина и Дан Максимилија Гаврила кој за романски „ГСП“ имаше кратка изјава.
„Ракометните избори се во рацете на измамници, знам што се случуваше на претходните избори. Пред четири години на гласачкото место во хотелот Рин Гранд скоро сите кои биле сместени таму добиле по 500 евра. Колку ќе чини еден глас на овие избори“, прашува Гаврила.
Исто така тој ги најави изборите и ги повика делегатите да гласаат за него бидејќи тој е вистинското лице за претседателската функција. Се очекува голема неизвесност за изборот на претседателското место, откако на претходните избори Деду победи со само еден глас повеќе.
На иборите на 28 април право на глас имаат 226 клубови од вкупно 245, бидејќи 19 не ги исполнуваат критериумите на федерацијата. Потребни се 114 гласа а еден од кандидатите да биде избран за претседател.