Според пишувањата на романскиот медиум „ГСП“, поранешната ракометарка на Металург, Кристина Лишчевиќ и репрезентативката на Шпанија, Миреја Гонзалез, се наоѓаат на излезна врата од Валчеа.
Раководството на Валчеа планира да не ги продолжи договорите со двете ракометарки поради незадоволство од нивниот настап во текот на оваа сезона, иако, пред еден месец се воделе преговори околу продолжување на нивните договори.
Екипата на Валчеа одигра под своите амбиции во романскиот шампионат, моментално се наоѓа на 3. позиција, но до крајот треба максимално да одработи доколку сака да го освои бронзениот медал и да избори настап во Лига на Европа.
Како што истакнува „ГСП“, двете споменати ракометарки се добро платени. Средниот бек, Лишчевиќ, на својата сметка, месечно заработува 8.000 евра, додека десниот бек, Гонзалез, околу 7.000 евра. Лишчевиќ и Гонзалез во Валчеа настапуваат од сезона 2019/20.