По ремито во претходното коло против Вардар Неготино, екипата на Аеродром славеше на незгодното гостување кај Јехона, со убедливи девет гола разлика, 25:34, во натпревар од 5. коло од плеј-оф фазата во Првата машка лига.
Аеродромци со новите освоени бодови фаќаат приклучок кон големата петорка, моментално стигнаа до 6. позиција на табелата во прволигашкото друштво. Јехона останува на 9. позиција со 6 бода на свое конто.
Домаќините на овој натпревар беа рамноправни до првата половина од првиот дел кога резултатски сѐ уште се држеа во игра, иако, заостануваа на два до три гола. Составот на Аеродром најчесто преку Николовски, Митревски и Пeјковски доаѓаше во позиција за гол и добрата игра во одбраната беше причина да замине со убедливо водство од 12:18 на полувреме.
Избраниците на Дарко Петровски во вториот дел имаа голема резултатска контрола и во ниту еден момент не се опуштија. Јехона немаше ниту сили, ниту можност да парира во вторите 30 минути, па така резултатот беше во втор план. Во формалниот дел, во кој шанса имаа ракометарите со помала минутажа, немаше поголема промена на резултатот.
Победничката екипа беше предводена од Бојан Николовски и Иван Митревски кои постигнаа по седум погодоци, додека Илија Пејковски додаде седум гола во мрежата на домаќините. Кај Јехона предводник беше Стефан Бошковски со осум гола.