Победата на Данска над Полска во пријателскиот натпревар (30:20) остана во сенка на простувањето од националниот тим на легендарниот Ласе Сван Хансен (38).
За репрезентацијата дебитираше уште во 2003 година кога Данска не беше ниту блиску до она што е денес во машкиот ракомет. Со Ханс Линдебрг долго време го сочинуваа тандемот десни крила во црвен-белиот дрес и учествуваше на отварањето на златната ера во данскиот ракомет.
На 245 натпревари, постигна 570 голови. Освои се – европско, светско и олимписко злато. По завршувањето на актуелната сезона Ласе Сван ќе се прости и од Фленсбург за кој настапува веќе 14 години и тука ќе ја заврши играчката кариера.
Симболично го постигна последниот гол на натпреварот со Полска, а потоа во солзи ја поздрави публиката во Копенхаген.