Вечерва Македонија игра важен натпревар во баражот за Светското првенство на гостински терен против Чешка во Злин. Македонските навивачите веќе станаа познати дека секаде се своите миленици, па така и вечерва Лазаров и друштвото нема да бидат сами.
Како и што беше најавено, вечерва во салата „Датарт“ ќе има и македонска публика, „Фалангата“ веќе се упати Злин и се очекува набрзо и да пристигнат.
Натпреварот помеѓу Чешка и Македонија се игра во терминот од 20:15 часот, додека реваншот е закажан за в недела во Скопје од 19:00 часот.