Некогашниот вардарец Сташ Скубе, веројатно нема да заигра воопшто за полскиот шампион Келце, иако потпиша тригодишен договор.
Словенечкиот среден бек ќе се пресели во Монпелје, а францускиот клуб ќе мора да му плати оштета на Келце од 200.000 евра, пишува „Л’eкип“.
Дел од француските медиуми претходно пишуваа дека Скубе треба да биде замена за Симоне, а од Монпелје негираа дека заминува Аргентинецот, но не негираа дека се заинтересирани за Словенецот.
Тоа значи дека Скубе би играл на средната бековска позиција со Килијан Вилмино, додека Симоне би можел да ја покрива левата бековска позиција.
Францускиот „Л’екип“ исто така открива дека Лук Стеинс, средниот бек на ПСЖ, нема да замине во Келце пред истекот на неговиот договор во 2024 година.