Битола гори: „Чкембари“ посакуваат четвртфинале во Лигата на Европа (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го играат реванш натпреварот против Нексе Нашице од осминафиналето во Лигата на Европа.

„Чкембари“ го почнаа загревањето за натпреварот и на пат кон салата „Боро Чурлевски“ поминаа низ Широк Сокак.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице се игра вечерва со почеток во 18:45 часот.

Победникот од овој двомеч ќе оди на подобриот од дуелот меѓу ГОГ Гудме и Бидасоа Ирун.