Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва ги очекува реванш натпреварот против хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице од осминафиналето на Лигата на Европа.
Капитенот на гостите, Саша Баришиќ Јаман вели дека неговиот тим е способен да победи и во Битола.
„Во Нашице беше првото полувреме, а вечерва не чека реванш и ќе биде многу тешко, сите сме свесни каков амбиент ќе има во салата. Слушнавме дека сите билети се распродадени, но на секој играч треба да му задоволство и поголем мотив да игра во таква атмосфера. Се виде на првиот меч дека двете екипи се во одлична форма, ние сме комплетни, се враќа Јанко Кевиќ, но без оглед кој ќе биде во состав, сигурно ќе дадеме се од себе и знаеме дека можеме да победиме. Свесни сме дека ова можеби ова е најважниот натпревар оваа сезона, кој ќе ни донесе четвртфинале, а ако се случи тоа, нема да има посреќни од нас“, вели Баришиќ Јаман.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.