Ракометарите на Вардар загубија со 30-22 од унгарскиот Веспрем во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
И покрај високата негатива, навивачите на „црвено-црните“ најавија поддршка на нивните миленици во Веспрем.
„Комити“ веруваат во чудо и ќе бидат на трибините во „Веспрем Арена“, која е комплетно распродадена за натпреварот.
Двобојот меѓу Веспрем и Вардар се игра в среда со почеток во 18:45 часот.