Белорускиот првак Мешков Брест оствари победа во 22 коло од домашното првенство над Гомел со 37-38.
Ракометарите на Дмитри Тихон се спасија од голем срам во последната секунда откако Вјачеслав Шумак погоди за триумф над слабиот Гомел.
За одбележување е податокот дека Никита Вајлупов постигна 17 погодоци на ова гостување кај Гомел.
Мешков сега има 39 бода на првото место, а на второто место е СКА Минск со 37 бодови, па трката по титулата во Белорусија ќе биде многу интересна, особено што шампионот треба да гостува во Минск.
Брест остана без Бонфон, Малус и Пачковски, но тука се Санталов, Скубе, Кашпарек, Сретеновиќ, Вајлупов…но и СКА Минск се засили со Пуховски и Бохан, па сигурно ќе има многу возбудувања во Белорусија.