Чешката ракометна федерација денеска ги пушти во продажба билетите за првиот натпревар од баражот за Светското првенство во Полска и Шведска против Македонија.
Натпреварот ќе се игра во салата „Датарт“ во Злин, која има капацитет од 2.000 гледачи, а со оглед на тоа што не се најавени никакви мерки, ниту сертификати, ниту маски, сигурно ќе биде исполнета до последното место.
Билетите чинат 160 чешки круни, или 400 денари, а веќе се во продажба.
Натпреварот меѓу Чешка и Македонија се игра во Злин на 13 април од 19:15 часот, а реваншот ќе биде во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.