Холандската голманка Тес Вестер би можела да го напушти романскиот тим ЧСМ Букурешт, а главната причина е што во Романија се чувствува несреќно и осамено.
Најголемиот проблем на Вестер е што во Романија се чувства осамено, тешко и паднала повредата на сонародничката Мартине Смитс која се повреди и се опоравува во Холандија. Како што вели во Букурешт сега го има само ракометот.
„Се чувствувам многу осамено. Мојата најдобра пријателка тука Мартине Смитс ги повреди вкрстените лигаменти на есен и се опоравува во Холандија. За мене тоа беше загуба на пријател и освен ракометот во Букурешт не ми остана ништо друго, тоа е тешко“.
Клубот ја доведе и шведската голманка Евелина Ериксон, тоа на Вестер не и се допаднало.
„Отворено изразив незадоволство на клубот поради доведувањето на Евелина Ериксон, но не се жалам. Доаѓањето тука беше мој избор кој го направив пред една година“.
Во клубот ја знаат ситуацијата во која се наоѓа и ќе биде подготвена да остане ако има можност да пристигне нејзина сонародничка.
„Клубот знае во каква состојба сум, ако има можност да се доведе уште една Холанѓанка во тимот спремна сум да останам. Букурешт е добар клуб, но животот е прекраток за да бидеш на место каде што не се чувствуваш среќен“, изјави Вестер во интервјуто за „Handball inside“.
Во Букурешт, Вестер пристигна пред почетокот на оваа сезона и потпиша договор на една година со можност за продолжување на уште една.