Тимот на Тор Акурејри, каде што настапува Томи Јагуриновски, а тренер е Стевче Алушовски, ремизираше со лидерот ИР во втората лига на Исланд.
Mечот од 17 коло заврши реми, 36-36, а македонскиот репрезентативен десен бек беше втор стрелец.
Јагуриновски даде седум гола и ја продолжува одличната форма откако замина од Вардар на Исланд.
Десниот бек се најде на списокот на Кире Лазаров и ќе биде во конкуренција за настап на бараж двомечот со Романија.
Тор Акурејри сега има 21 бод на четвртото место, шест помалку од лидерот ИР, но има и три меча помалку, па останува шансата за место во елитната конкуренција.