Шпанскиот репрезентативец Едуардо Гурбиндо беше дел од Вардар само еден месец иако беше најавуван како големо засилување за македонскиот шампион.
Гурбиндо потпиша договор на три години со Динамо Букурешт, откако не заигра за Вардар на ниту еден официјален натпревар во Суперлигата и во Лигата на шампионите.
За периодот поминат во Скопје, 34-годишниот Шпанец за романскиот „ГСП“, неодамна кажа дека уште од првиот ден не било како што очекувал.
„Во Скопје останав еден месец, но веќе првиот ден увидов дека нема да биде добро. Решив да издржам недела-две, надевајќи се дека нешто ќе се смени, но тоа не се случи. Пасквал успеа да ме мотивира и решив да се преселам во Букурешт и мислам дека ја донесов вистинската одлука“, изјави десниот бек.
Долго време траеја преговорите меѓу двата клуба, а на крајот Вардар доби оштета за заминувањето на Гурбиндо во романската престолнина.
Шпанецот овен во Вардар и Динамо Букурешт има настапувано за Сан Антонио, Торевиеха, Ваљадолид, Барселона и Нант.