Ракометарите на ПСЖ остварија важна победа во Лигата на шампионите откако на домашен терен ја совладаа екипата на Фленсбург со 33:30 и ја продолжија борбата за директен пласман во четвртфиналето.
После израмнетиот почеток и десетина минути игра гол за гол следуваше првата серија на ПСЖ и прво повисоко водство на една од екипите. Избраниците на Раул Гонзалес за пет минути направија серија од пет гола и поведоа 9:4 во 15. минута.
Флензбург долго се трудеше да се врати во игра пред полувремето и да обезбеди активен резултат пред продолжението. Обидите на гостинскиот тим не беа многу успешни и на поливреме имаа негатива од четири гола. После 30 минути игра беше 17:13.
Венсан Жерар беше одличен во првото полувреме со седум интервенции и беше еден од виновниците за предноста на ПСЖ. Во продолжение се играше гол за гол, а разликата постојано беше три или четири гола во корист на домашниот тим. Лук Стеинс беше незапирлив особено во второто полувреме и правеше големи проблеми на одбраната на Фленсбург.
Семпер во 55. минута намали на минус два, 31:29 откако Буриќ одбрани два удари во еден напад на Хансен и Гребиј. Добрата серија на босанскиот голман во дресот на Фленсбург продолжи и со уште една интервенција овозможи неговиот тим да намали само на минус еден во 57. минута со ушре еден гол на Семпер.
Натпреварот влезе во драматична завршница, Буриќ блескаше на голот и му одбрани седмерец на Хансен за напад за израмнување. Сепак во следниот напад Фленсбург не реализираше со играч помалку што ПСЖ го казни и ја обезбеди победата.
Најефикасен во домашниот тим беше Лук Стеинс со седум гола, додека по пет постигнаа Шипжак, Кристпоанс и Хансен. Во тимот на Фленсбург Франц Семпер беше прв стрелец со седум гола, а одличен беше Бенјамин Буриќ со 12 интервенции.