Екипата на Кил пред своите навивачи оствари убедлив триумф против директниот конкурент за првото место во Групата А, Монпелје, со резултат 35:26.
Ракометарите на Кил беа подоминантни во првото полувреме и со дисциплинирана игра на теренот секогаш беа на чекор пред својот противник. Домашната екипа на самиот старт покажа дека е желна за победа. Избраниците на Филип Јиха уште од првата минута ја имаа контролата и поведоа со 2:0 и до крајот на првото полувреме константно беа во предност.
Монпелје на сите начини се обидуваше да направи приклучок, но секој обид завршуваше без успех. По петнаесетина минути игра, Кил дојде до водство од 9:6, потоа и од 10:6, иако Ландин до тој момент имаше само една, а голманот на Монпелје, Шего, три интервенции.
Психолошкиот притисок врз ракометарите на Монпелје и нивната желба да дојдат до помала негатива беше причина за уште поголема криза во нивните редови. Кил во последниот период од првото полувреме стигна и до највисоки шест гола разлика 16:10, додека на пауза замина со водство од 19:13.
Левото крило на Кил, Магнус Ландин Јакобсен, во второто полувреме со својот прв погодок зголеми на 20:13. „Зебрите“ уште помотивирано заиграа во следниот период и нивната добра игра им донесе убедливо водство од 22:13. Монпелје немаше многу сили до самиот крај и влезе во уште поголема негативна разлика.
Катастрофалната игра на тимот од Франција во последните петнаесетина минути резултираше со највисоко водство на Кил од 32:20, но до самиот крај Монпелје се избори за поблаг пораз бидејќи во редовите на Кил дојде до преголемо опуштање поради убедливото водство.
Најефикасен во редовите на Кил беше Штефан Вајнхолд со пет погодоци. Во екипата на Монпелје листата на стрелци беше предводена од Хуго Дескат со шест гола.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А
ТАБЕЛА